Натпревар за најдобриот Grundfos инсталатер

31/01/2019

The best installer in Macedonia 2019

На 24 Јануари 2019. година, во Винаријата Шате- Сопот се одржа финалниот натпревар за најдобар инсталатер. Тие ги демонстрираа своите вештини за инсталирање на SCALA2 и балансирање на системот за греење со пумпата ALPHA3.

Оваа година највешт и со најголема среќа беше Башким Адемоски кој го oсвои првото место и на тој начин доби можност да учествува на саемот ISH во Франкфурт, каде што  ќе се натпреварува со  останатите 25 други нсталатери од цела Европа за титулата на најдобар инсталатер на Grundfos и на тој начин да добие  подарок ваучер во вредност од 10.000 евра за патување од соништата.

Второпласираниот конкурент ја освои награда пумпа Alpha1L, а третопласираниот пумпа  за зголемување на притисок UPA 15-120.

Сакаме да им се заблагодариме на сите што учествуваа во нашите настани.

Овде можете да ги видите најинтересните детали од натпреварот на инсталатерите на Grundfos што се одржа во "Mostra Convegno 2018" во Милано.