Grundfos Презентација за Системите за Водoснабдување и решенија во индустријата во Скопје

24/11/2016

Презентација во Скопје

Во рамките на проектот Lunch & Learn ( Ручај & Научи) на 27.10.2016 Grundfos организираше презентација во Скопје-Република Македонија каде беа преставени иновациите и практичната примена на производната програма.

По тој повод, Grundfos имаше задоволство да  биде домаќин на повеќе од 40 проектанти, како и представници на Дистрибутерите: Енергосистем, Вентил Трејд Интернационал и Алфа Инжинеринг. Презентерите дискутира на најразлични теми и решенија кои се однесуваат на водоснабдувањето и индустријата. Така, Јасминка Савиќ (GSEJSA, Senior Sales Engineer, IND) ги запозна присутните со системите за дозирање и дезинфекција , Вања Даничиќ (GSEVDA, Lead Sales Engineer, WU), со решенија за заштита од поплави. Презентери од регионот беа Зоран Донев (GSEZDO, External Engineer – Macedonia. кои се осврна на употребата и регулација на пумпите во системите за производство и дистрибуција на вода. Исто така излагање имаше и Професорот на Машинскиот факултет во Скопје, г-дин Валентин Стојковски кој се  осврна на оптимизацијата и регулацијата на пумпите во системите за дистрибуција на вода, во склоп на ова излагање беше и преставување на проектот на пречистителна станица за отпадни индустриски води во Фени-Кавадарци  каде комплетно се проектирани и инсталирани комплетните системи на Grundfos, пумпи, миксери и командни ормари.

Подолу е краток филм за да се покаже на потенцијалните купувачи на нашиот професионален пристап и know-how.

Ленко Георгиев (GBULGE) - South Balkan Country Cluster Manager, исто така беше присутен на овој настан.

По официјалниот дел и дискусиите на присутните, гостите можеа да уживаат во пријатната атмосфера на ресторанот за време на ручекот.


    Facebook Twitter LinkedIn Technorati