Grundfos Product Center

GPC

GRUNDFOS PRODUCT CENTER - НЕКОИ ОД ПОДОБРЕНИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ


Пронајдете ги информациите на следниве начини:

  • Брзо пребарување - Пребарување на некоја одредена пумпа, димензија и информација за заменска пумпа.
  • Упатство за течност- Внесете ја течноста, температурата и концентрацијата за да ја пронајдете вистинската пумпа. 
  • Брзо димензионирање – Внесете го бараниот напор и проток на пумпата и нејзината намена и ќе ги пронајдете сите Grundfos пумпи кои одговараат на бараните карактеристики.
  • Усогласени резултати – Резултатите од пребарувањето се подредени споре следните категории: Најевтини пумпи, пумпи со најнинска потрошувачка на енергија, како и пумпи со најниски трошоци на животниот циклус.
  • За повеќе информации за производите – Центарот има база на податоци од CAD цртежи, резервни делови, сервисни китови и едукативни видеа.


Други функции прилагодени за корисниците се:

  • Пристапност - Пристапете до Grundfos Product Center-от од било кој компјутер, таблет или мобилен телефон.
  • Кориснички поставувања - Системот го памти јазикот  на корисникот, валутата, сочуваните измени и последно прегледуваните производи.
  • Зачувани проекти – Регистрираните корисници се во можност да го сочуваат целиот свој проект за идна употреба. Замената и резервните делови се само на еден клик од вас.

Grundfos Product Center